БОЈАН ГЕОРГИЕВ ТРЕТИ НА ДРЖАВНОТО ИЗБОРНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ У-20

Во Спорт
март 25, 2023
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Бучим“, денес во Радовиш се одржа „Државното изборно првенство слободен стил и борење за девојчиња У-20“. На првенството право на настап имаа борачи родени 2003, 2004 и 2005 година регистрирани со право на настап за 2023 година.

БК „Спартак“ на првенството учествуваше со четири борачи кои на крајот освоија едно трето место, едно петто место и двајца без пласман.

Бојан георгиев настапи во категоријата до 86 килограми и го освои третото место, Петар Лазаров во категоријата до 70 килограми беше петти, додека Петар Иванов и Дамјан Крстов останаа без пласман.

Од БК „Спартак“ искажаа задоволство од освоеното трето место но и борбите кои ги прикажаа останатите тројца членови и изразија уверување дека како првенствата ќе одминуваат така се повеќе медали ќе се освојуваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ