По тринаесет години пауза, во организација на Федерацијата на боречки спортови на Македонија а со техничка организација на БК „Спартак“,, Кочани годинава повторно ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“.
Како што е најавено 48-то издание на „Македонски бисер“ ќе се одржи во Сабота (29.06.2024 година) во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани со почеток во 11:00 часот.
Меѓу осумдесетте пријавени борачи, освен од Македонија својот настап го најавија и борачи од Србија, Косово, Албанија, Грција, Романија и Бугарија.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ