КОЧАНИ ДОМАЌИН НА РЕГИОНАЛЕН ЖЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ФЕСТИВАЛ

Во Спорт
ноември 21, 2022
0 минути

Во организација на Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани а со поддршка на Фудбалската Федерација на Македонија денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, еден од четирите градови во Македонија, под мотото „Ајде на фудбал“  се одржа „Регионален женски фудбалски фестивал“.

Шест градови од истокот: Кочани, Виница, Македонска Каменица, Штип, Струмица и Радовиш на фудбалскиот фестивал партиципираа со околу 130 девојчиња а целта на истиот беше развивањето на женскиот фудбал во источниот регион.

Девојчињата со кои работеа тренери беа поделени на пет сектори кои беа опремени со спортски помагала и реквизити  а се работеше на физички и тактички вежби.

Секој од учесниците на Регионалниот женски фудбалски фестивал од организаторот доби спортска опрема.

С. Ивановски