„ОСОГОВО“ И „НОВАЦИ“ СЕ НОВИТЕ ВТОРОЛИГАШИ

Во Спорт
мај 30, 2023
0 минути

Среќна беше раката на Претседателот на ОФС Кочани Александар Андов,  денес попладне при извлекувањето на имињата на преостанатите две екипи кои од следното првенство ќе играат во единствената Втора Фудбалска Лига.

Иако „Осогово“ беше шампион во Трета Фудбалска Лига – Исток поради чудните одлуки на бирократијата од ФФМ мораше да играат бараш како и преостанатите четири екипи, прваци во нивните региони заедно со второлигашот „Тетекс“.

Во неделата „Осогово“ заслужено загуби од екипата на „Тетекс“, но денес среќата беше на страна на „Осогово“ и екипата која идната година ќе слави 100 години постоење ќе игра во единствената Втора Фудбалска Лига.

Честитки за сите во „Осогово“ почнувајќи од играчкиот кадар, стручниот штаб и секако верната публика на чело со „Сејмени“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ