ИЗЛОЖБА „ТОА СУМ САМО ЈАС“

ноември 21, 2022
1 минути

На 24.11.2022 година (Четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани во Салон „Фоаје 2“ ќе бидат поставени дела од самостојната изложба на Томислав Димитровски – Томас, насловена „Тоа сум само јас“.

Томислав Димитровски ( Томас ) е роден на 08.121974 година во Штип. Има завршено средно текстилно образование смер моден дизајн во 1993 година во Штип. Каде подоцна отвара свое модно студио и како моден дизајнер поседува свој сопствен бренд за машка облека “Tomas style”. Многу успеси реди од национален карактер т.е. неговиот моден дизајн го носеа неколкумина како мистер на Македонија, во Кина и македонскиот поп рок група Next Time кои не претставуваа на Евровизија во Русија. Страста кон уметноста ја гали уште од најмали нозе и после некои разочарувања во животот влегува длабоко во сликарството создавајќи композиции како повик сакајќи да остави свој белег зад себе. ” Тоа сум јас” центар на моето битие е наречена ликовната изложба “животен циклус” пренесувајќи го со малку зборови, но со големи ликовни дела. Во зависност од идејата која е реализирана на платно некои слики се врамени во високо квалитетни рамки, а постојат и дела кои се изработени на хартија со јаглен. Неговата имагинарна творечка експресија на моменти асоцијативна, но секако фигуративна провоцирајќи ги сите сетила е присутна во сите негови дела и ги изразува неговите сензации на умот.