КОЧАНСКА РЕКА СО НАМАЛЕНА КОЛИЧИНА ВОДА, РИБИТЕ ОСТАНУВААТ РЕЧИСИ НА СУВО

август 31, 2022
1 минути

Намалената количина но вода во Кочанска река предизвика многу риби да останат заробено на суво. Особено оваа појава е забележана во долниот тек на градот, поточно од „Железнички мост“ па надолу.

Дознаваме дека една од причините е што на 5 и 6 Септември  завршува сезоната за наводнување па водата која доваѓаше по каналот од Калиманска брана и беше исфрлувана кај пазарот е двојно намалена, додека од Брана „Гратче“се испушта биолошкиот минимум кој изнесува 100 л/секунда.

Граѓаните се обидуваат рибите кои се речиси на суво да ги вратат во поголемите вирчиња за да ги спасат.

За утре очекуваме подетални информации од одговорните во водостопанскиот систем „Брегалница“ – Кочани.

С. Ивановски