УРЕДУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ПРЕД СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“

февруари 10, 2024
1 минути

Екипите од секторот Градско зеленило во соработка со Општина Кочани спроведуваат акција за кастрење и сечење на гранки, грмушки и диво израснато зеленило како и расчистување на тротоарите и рабниците околу градскиот стадион.

Исто така со сопствена механизација и работна сила се работи на проширување на просторот до градскиот стадион со што ќе се создадат дополнителни паркинг места за гледачите за наредните натпревари.

Акциите за расчистување на тротоарските површини од израснати растенија и нивно метење од расфрлан отпад од несовесни граѓани ќе продолжат и во текот на наредните денови на други улици во градот и во населените места во Кочани.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот !!!

КЈП  „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ