КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИССЕЛУВАЊЕТО НА НАСЕЛЕНИТЕ ОД КАСАРНАТА?

јули 31, 2023
1 минути

Група граѓани кои живеат во околината на Касарски круг видно револтирани не информираа во текот на вчерашниот ден дека крајно време е некој да стави крај на диво населените во зградата на некогашната „Касарна“ а денес и со допис го поткрепија тој револт.

„Не знаеме до кога ќе не лажат политичарите околу нашиот проблем со диво населените емигранти во касарната. Повеќе од петнаесет години сме малтретирани од оние кои некој свесно ги населуваше во слободните простории на зградата и кога за кратко време откако ја запознаа околината стануваат домаќини на нашите имоти. Речиси секој ден некому нешто ќе снема од дворот а често и од домовите, ќе алармираме до надлежните ама нив не ги е гајле, никој ништо не презема. Ако сакаме сами да го решиме проблемот веќе станува проблемот уште поголем за нас бидејќи тие се заштитени како никој друг. Имаме дворови, ама како да ги немаме не смееме ни по овие горештини во дворот да си седнеме бидејќи не да смрде туку корне. Хигиената им е на нула ама затоа сила покажуваат на секој чекор. Градоначалникот Ратко кобајаги ќе правеше пензионерски дом на тоа место,  не убедуваше како мали деца дека ќе го реши проблемот во вториот мандат ама успеа скрпи два мандати а му остави на неговиот наследник Илиев проблем кој наводно и тој сакаше да го реши. Тој пак кај некои горбишта ќе им правеше бараќи арно ама тие не сакаа да излезат од центарот на градот па ништо од преселбата. Сега на ред дојде Папазов и тој си направи проблем дека ќе им гради мали куќи за да ги сместе ама и од тоа ништо. Ние и градот од овие луѓе немаме фајда туку имаме немир со години а што и градот ќе има фајда ако се сместат некаде. Неразјаснети кражби, малтретирање на луѓето од околината, зулуми еден куп по градот и никој ништо не им може. Свесен ли е некој дека тие се дојдени од сите страни на Македонија некој овде вештачки ги населува па логично е, ако немаат документи да бидат вратени кој од каде дошол. Знаеме дека кога ќе има избори пак ќе ни дојдат на посета  политичарите и ќе не гњават со лажење дека ќе се среди проблемот, а после тоа нема ги нигде. Господа политичари, ние сме староседелци во овој град помогнете ни во својот град барем достојно да живееме, да ни се безбедни домовите, да седеме слободно во дворовите и да си го гледаме градот и околината. Помогнете ни оти имате од нас фајда од нив ништо од нив имате само штета која сакате уште поголема да биде. Не сте свесни каков геноцид правете со нас староседелците за сметка на една шака емигранти“ – стои во писмото што ни го испратија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ