ГРАЃАНИ АПЕЛИРААТ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ОСПОСОБАТ ШАХТИТЕ ЗА ОДВОД

август 5, 2023
0 минути

По најавите дека нашиот регион е во групата во која се очекува невреме, група граѓани ни се јавија со молба до надлежните служби во општината да додека има време се интервенира да се оспособат шахтите особено на критичните места во градот за да водата несметано истекува во одводите.

Како што потенцираа тие во минатиот период секогаш кога имало невреме биле сведоци на поплавени домови и објекти се од причина што шахтите не биле исчистени и водата немало каде да истекува освен да поплавува објекти.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ