ПОКАНА ЗА „OSOGOVO ADVENTURE 2022“

јули 13, 2022
1 минути

Ве покануваме на 5та по ред планинска велосипедска тура „Osogovo Adventure 2022“.

Патеката е исклучиво off-road планински шумски пат во должина 36km со искачување на врвот Царев Врв со вкупна елевација од 950м.

Старт е од СРЦ Пониква пред Осоговски Конак. По завршување на турата следува ручек и освежување во истиот.

Стартниот пакет е 500 ден. во кој е вклучена маичка од настанот, попатно храна, вода и вклучени се 100 ден хуманитарно за Славица Димитрова протребни за итна операција во Русија.

Напомена: Задолжително исправен велосипед, заштитна кацига, опрема, облека за временските услови на планина.

Пријавувањето е отворено до 14.07.2022 четврток во Bike Center Кочани и на тел:

070 426 250 Јоже Јованов
078 549 152 Панче Зафиров

Приклучете се и вие на оваа 5та по ред планинска велосипедска тура.
Предизвик придружен со многу забава и дружење.