Несомнено една од компаниите со најдобра спортска опрема не само во Кочани туку и пошироко „GO-KA SPORT“ вечерва ги облече членовите на БК „Спартак“ од Кочани.
Имено менаџерот на компанијата вечерва го посети тренингот на БК „Спартак“ и на борачите и стручниот штаб им подари 30 шушкавци.
Борачите кои полека но сигурно се враќаат на победничките патеки со големо задоволство ја примија донацијата и од се срце се заблагодарија на менаџерот на компанијата.
Во време кога клубовите поради лошата финансиска состојба гледаат да сврзат крај со крај, ваквите донации се добредојдени и истите претставуваат поттик за младите борачи за уште повеќе работа и успеси.
„Искрено упатуваме голема благодарност до напшите пријатели од компанијата ГО-КА СПОРТ за донацијата. Опремата доаѓа во вистинско време кога да бидам искрени ни недостасува спортска опрема. Се надеваме дека ќе изнајдеме начи да им возвратиме на донаторите а тое ќе го потврдиме доколку поченеме се почесто да жнееме медали на големите натпреварувања. Уште еднаш едно големо, Ви благодариме“ беше изјавата на Зоран Сребренов – Претседател на БК „Спартак“ од Кочани
Дознаваме дека менаџерот на компанијата „GO-KA SPORT“ кој е ексклузивен застапник на спортските брендови GIVOVA, ZEUS и JAKO овде нема да застане, туку секогаш ќе бара начин да им помогне на борачите бидејќи целото негово семејство е тесно поврзано со борењето во Кочани.
Респект за „GO-KA SPORT“ за потегот што вечерва го направи а кој наиде на големо воодушевување кај боречко Кочани.
С. Ивановски