ТФЛ-ИСТОК, ЛИДЕРОТ „ОСОГОВО“ ВО ДОЈРАН

Во Спорт
март 17, 2023
1 минути

Во Недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 14-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Лидерот на табелата „Осогово“ гостува во Дојран каде за противник ќе го има младиот но мошне надежен состав на „Дојранско Езеро“.

Академците од Чешиново- Облешево ги пречекуваат „рударите“ од Пробиштип, додека екипата на „Вардарски“ ќе гостува во Малешевијата.

Во Делчево гостува „Овче Поле“ додека „Спартмани“ ќе ја угости екипата на „Карбинци“.

Двојки од 14-тото коло:

„Дојранско Езеро“ – „Осогово“

„Брегалница сениори“ – „Овче Поле“

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Рудар“

„Спартмани“ – „Карбинци“

„Малеш“ – „Вардарски“

Слободна е екипата на „Тиверија“.

С.  Ивановски