КОНКУРС ЗА ОБУКА НА ЖЕНИ ЗА БРЕНДИРАЊЕ, ПАКУВАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

октомври 17, 2022
1 минути

До крајот на годината, Општина Кочани во соработка со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, ќе ја реализира последната од серијата тематски обуки за економско јакнење на жените.

На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи. Во дводневната онлајн обука ќе бидат опфатени 20 жени кои треба да бидат невработени или вработени во земјоделскиот сектор; да имаат идеја за започнување земјоделски бизнис, сопствен бизнис во земјоделскиот сектор или да се косопственички на таков бизнис. Според критериумите во конкурсот, предност ќе имаат бизниси не постари од пет години. Жените што ќе пројават интерес за обуката треба да се над 18 години, со минимум завршено средно образование и да се жителки на општина Кочани.

Пријавувањето може да биде електронски и со пријава во Општина Кочани, а рокот е до 2 ноември. При изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“. Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории: самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост. Обуката за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи ќе се реализира во првата половина од ноември.

Целта на оваа обука е да го подобри пристапот до пазарот на труд и да ја зголеми конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните бизнис-вештини и на вештините за вработување и самовработување, како и да ја подобри конкурентноста на пазарот на компании предводени од жени или во сопственост на жени.

Обуката ќе се реализира со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, како дел од проектот на UN Women – „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

Општина  Кочани