Рокот за пријавување на конкурсот за обуки за економско јакнење на жените се продолжува до 27 декември.
Обуките се однесуваат на: развој на вештини и знаења за дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии, развој на бизнис-идеја и бизнис-план, претприемништво и менаџерски вештини, како и за основни вештини за вработување.
Овие обуки имаат за цел да го подобрат пристапот до пазарот на труд и да ја зголемат конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.
Кратки, бесплатни, корисни обуки, по кои се добива сертификат.
Општина Кочани е една од десетте во државата, каде во периодот од јануари до август, во зависност од состојбата со пандемијата, ќе се спроведуваат овие обуки. Пријавете се, искористете ја можноста за подобрување на вашите вештини и знаења.
Конкурсот е достапен на: kocani.gov.mk