Со победата против „ФМП“ од 84:59 кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ есенскиот дел од првенството во М-18 категорија го завршија на третото место.
Ја оправдаа улогата на фаворити и како домаќини без поголеми стигнаа до нова победа. Пресудни беа првата и последната четвртина каде квалитетот на кочанските кошаркари дојде до полн израз.
Кошевите за „Баскед Дино Деликатес“ вечерва ги постигнаа: Лазарев 25, Коцев 21, Манев 14, Христов 11, Ефремов 7, Богданов 4, Василов 2.
С. Ивановски