СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДУЌАНИТЕ ОСТАВЕНИ НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА ДЕЛ ОД СТАНАРИТЕ ОД БЛОКОТ „Б“

декември 6, 2022
0 минути

Сопствениците на дуќаните во Градскиот Трговски Центар во тунелот од скалите на Големиот паркинг, сместени во зградата „Б“ мака мачат со нецивилизираните станари,

На самото место дознавме дека оваа Голгота ја живеат подолг период. Се имаат обратено и кај надлежните инспекторски служби во Општина Кочани но и тие се немоќни пред невоспитанието и не научената лекција како се живее во градска урбана средина во заедничка зграда за домување.

„Ова не е прв пат, ова се случува многу често. Станарите што живеат на оваа вертикала многу често фрлаат се и сешто во шолјите и доваѓа до запушување на канализацијата. Самите сме ангажирале луѓе да интервенираат и да го пробијат одводот за да немаме вакви проблеми. Влажни марамчиња, лушпи од излупени компири, текстилни парчиња и други неразградливи материи е она што излегува со отпуштањето на одводот. Иако се информирани и замолен станарите тоа да не се случува тие си тераат по нивно. Не знаеме кому веќе да се обратиме. Имаме свој деловен простор на општината ги плаќаме сите давачки па редно е некој да се заинтересира за нашиот проблем да закаже заедничка средба за да ова повеќе не се повторува. Вака идат празници, работата преку целата година е намалена па кога треба се надеваме да имаме повеќе муштерии ние се соочуваме со овие малограѓански нешта. Се надеваме дека сепак некој ќе ни погне“ ни рекоа додека ги правевме фотографиите.

На потег се надлежните а доколку тие не ја доведат работата во ред сопствениците на дуќаните повторно на нивни трошок ќе го отстранат дефектот, ќе видат од каде е проблемот па ќе знаат како да се и тие однесуваат со оние на кои градскиот живот им е табу тема.

С. Ивановски