КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Во Спорт
април 13, 2022
0 минути

Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ се пласираа во полуфиналето во Трета Кошаркарска Лига откако и во вториот натпревар беа подобри од „Дибро Иглс“.

Кочанчани денес и во Дебар ја совладаа симпатичната екипа на „Дибро Иглс“ 86:74 (12:18; 23:21; 17:14; 34:21).

Домаќините добро го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа водство од шест поени разлика, но сепак полувремето го завршија само со четири поени позитива. Третата четвртина започна со сигурна игра на гостите кои успеаја да ја добијат со три поени разлика за да во одлучувачката домаќините влезат со само поен разлика. Добрата и прецизна игра како и мошне успешната одбрана на кошаркарите н „Баскет Дино Деликатес“ дојдоа до полн израз во последниот период од играта. Беа многу подобри од домаќините, го добија со тринаесет кошеви разлика и со вкупен резултат 86:74 ги визираа пасошите за во полуфиналето.

Во полуфиналето противник на кочанчани ќе им биде екипата на „Работнички“ од Скопје, а на првиот натпревар „Баскет Дино Деликатес“ ќе гостува.

Кошевите за кочанчани ги постигна: Лазарев 22, Филипов 18, Илиев 12, Крстов 9, Ивановски 8, Томевски 7, Коцев 6 и Ѕмбов 4.

Одиме понатака.

С. Ивановски