СОВЕТНИЦИТЕ ИЗГЛАСАА, КОЧАНСКИОТ КОШАРКАРСКИ ХРАМ ВО ИДНИНА ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО „САШО ЛАЗАРОВ – ЧАПО“

Во Спорт
декември 29, 2021
1 минути

Предлогот на советникот Венко Крстевски Градската спортска сала, кочанскиот кошаркарски храм во иднина да го носи името „Сашо Лазаров – Чапо“ едногласно беше прифатен.

Така одлучија сите 17 присутни советници на денешната 5-та седница на Советот на Општина Кочани.

Сашо Лазаров – Чапо остави длабока трага во кочанската кошарка. Почна уште како дете во КК „Кочани“ под водството на кочанската кошаркарска легенда Ванчо Џамов – Жмара. Неговата игра а посебно неговите „ТРОЈЌИ“ кои како капитен ги постигнуваше во КК „Деликатес“ уште им се во сеќавање на љубителите на кошарката во „градот на оризот“. По завршувањето на играчката кариера Чапо му се посвети на тренерскиот занает. Го формира клубот „Баскет Дино“ од чии редови излегоа многу добри кошаркари кои и дене денес со успех играат на теренот меѓу обрачите.

Голем благодарност до Венко Крстевски што го даде овој предлог, но и голема благодарност до сите советници што го прифатија и го изгласаа.

С. Ивановски