КРАЈ НА СЕЗОНАТА ЗА АЛЕКСАНДАР МИТРЕСКИ

Во Спорт
април 13, 2022
1 минути

Заврши годинешното фудбалско првенство за левиот бек на „Осогово“ Александар Митрески.

Играчот со големо срце веќе неколку натпревари се жалеше на болка во препоните, но знаејќи дека и е потребен на екипата секогаш ги стиснуваше забите и истрчуваше на теренот.

Дознаваме дека болките пред а и по натпреварот со „Беласица“ биле неподносливи па Митрески по направените анализи ќе има хируршки зафат.

За не го оваа сезона е завршена, а како што истакнуваат д клубот се надеваат дека и следното првенство ќе ги брани боите на „жолто-сините“.

Инаку да потсетиме дека ова скромно момче нема среќа кога е финишот на сезоните. Есеноска во 11 коло против „Слога 1934“ по едно многу лошо паѓање се здоби со повреда по која не настапуваше до крајот на есенската сезона, а еве сека историјата му се повтори па нема да ја доигра ниту пролетната сезона.

Штета, Александар Митрески на кого му посакуваме добро здравје и што побрзо враќање на теренот ќе му недостасува на „Осогово“ и те како во борбата за зачувување на местото кое води во единствената втора лига.

С. Ивановски