КОШАРКАРСКАТА ЕКИПА НА ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД КОЧАНИ Е РЕПУБЛИЧКИ ПРВАК ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА

Во Спорт
мај 19, 2023
1 минути

Учениците од кошаркарската екипа на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на професор Ивица Цимбаљевиќ се Републички прваци на Македонија во машка конкуренција.

Тие денес во финалето што се одржа во Валандово во склоп на „Малите Олимписки Игри“ ја совладаа екипата од ОУ „Јан Амос Скоменски“ од Скопје со резултат 55:24. Претходно учениците од Кочани во полу-финалето во нерамноправен дуел беа далеку поуспешни од екипата од училиштето „Петар Мусев“ од Богданци совладувајќи ја со 61:10.

Убава низа на машката кошаркарска екипа од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кои годинава покажаа супериорност како на Општинските, така и на Регионалните игри каде убедливо стигнаа до првото место

Претставник од организаторот, Федерацијата на училиштен спорт на Македонија   на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ им го врачи победничкиот пехар.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ