КПС ” ОСОГОВСКИ ОРЕЛ” ОРГАНИЗИРА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА „МАНДАНАТА 2024“

Во Спорт
јуни 12, 2024
1 минути

Во соработка со Општина Кочани а по повод празнуваньето на празникот Петровден, КПС „Осоговски оењл“ од Кочани организира Велосипедска Тура “МАНДАНАТА 2024”. Пристигнување на учесниците на дестинацијата која е договорена за почеток на турата -манастирот Св. Илија во село Бочвeнец . Регистрирање на учесниците и подигнување на стартните броеви.

Почетокот на турата е прeдвиден во 9:30h. Од стартот се вози село Крушка , сртот на село Качаник и Длги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела река, има искачување кон село Мишино каде над селото ке се направи пауза и ке се одаде почест на познатиот револуционер Стефан Мандалов Манданата (афера Мис Стон) кој на ова подрачје го изгубил животот. По паузата следува спуст кон Ново Село поминувајки покрај манастирот Св.Димитрија. Потоа патеката води со спуст кон освежителната станица во манастирот Св. Симеон во село Костин Дол.

По освежувањето учесниците повторно ја минуваат Бела река, се искачуваат и се враќаат на манастирот во село Бочвинец. Потоа следува доделување на финишери и благодарници ,ручек и освежување,

ПСК „осоговски орел“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ