ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ПРИМИ ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДПД – КОЧАНИ

јуни 12, 2024
1 минути

На покана на директорот на „Центар за управување со кризи“, Стојанче Ангелов, денес членови на екипата на ДПД Кочани која викендов во Петроварадин го освои првото место на противпожарниот натпревар ВИП 2024 беа на прием во просториите на ЦУК.

Директорот Ангелов најпрвин ни честиташе за остварениот успех и првото место и ни посака да редиме нови успеси. Од наша страна му беше изразена благодарност што одвои време и не удостои лично да ни честита и да го слушне лице во лице нашето искуство од натпреварот.

На средбата помеѓу првиот човек на ЦУК и претставниците од ДПД Кочани се разговараше и за актуелната состојба со пожарите, односно подготвеноста на пожарникарите и доброволните друштва во пресрет на летните горештини.

Притоа директорот даде ветување доколку остане на оваа функција, решавање на сите системски проблеми кои се провлекуваат со години. Пред се мислеше на решавање на статусот на Доброволните друштва и промоција и омасовување на нив со цел за зголемување на капацитетите со кои може да се одговори при непогоди.

ДПД – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ