КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ

февруари 4, 2022
0 минути

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава  против Л.С.(54) од с.Долни Подлог, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 02.01.2022 во атарот на с.Јастребник пријавениот, поради невнимателно ракување со неговата пушка „Застава М70“, испукал еден куршум и го погодил С.М. од Кочани, со кого заедно биле на лов, при што му нанел тешка телесна повреда.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР