Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.К.(34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.12.2020 бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.Б.(26), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.12.2020, полициски службеници извршиле претрес во дом на негов роднина, при што бил пронајден и одземен амфетамин, кој го поседувал пријавениот.
ИЗВОР: Дневни билтени на МВР