Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.И.(37) од село Грдовци и А.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против А.М.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Во јуни 2021 година, првопријавениот набавил марихуана и амфетамин, по што со посредство на второпријавениот продале дрога на третопријавениот. На 25.06.2021, при преглед над третопријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин, при што било констатирано дека на две лица им овозможил да употребуваат дрога.
ИЗВОР: Дневни билтени од МВР