КРСТЕ КРСТЕВ ГО ПРЕЗЕДЕ РАКОВОДЕЊЕТО СО „ОСОГОВО“

Во Спорт
декември 31, 2024
0 минути

Претпоследниот ден од годината на заминување донесе неколку новини кога е во прашање ГФК „осогово“од Кочани.

Имено на синоќешната средба а по понудените оставки на Перо Георгиевски – директор на клубот и Александар Андов – Претседател, некогашниот тренер на „Осогово“ Крсте Крстев го презеде раководење на еден од најстарите клубови во земјата, клуб со голема историја и еден век постоење.

„Пред десетина дена во разговор со одговорните луѓе во Осогово добив информација дека немаат повеќе енергија, сила и можност да продолжат со раководењето на клубот и доколку некој има желба да го преземе може да седне на разговор, отворено да се кажат сите работи за да продолжи да работи еден од брендовите на Македонскиот фудбал“ беше  првичното нешто што ни го соопшти Крсте Крстев.

Овде малку подзастанаа па продолжи: „Синоќа оставаривме заедничка средба на која присуствуваа поголем број љубители на фудбалот во Кочани како и Градоначалникот на Општина кочани, Љупчо Папзов“.Ја разгледавме моменталната состојба во клубот која не е ни малку розова и по понудените оставки на досегашниот кадар кој го водеше Осогово, јас презентирав план и стабилизација како и прогрес на Осогово по што добив и одврзани раце и поддршка од сите присутни. Постои напорен период за сите во клубот но со заедничка работа ќе се обидеме најнапред да го стабилизираме а потоа да направиме планови за  напредок на Осогово“.

Крсетв е во разговор со неколку тренери бидејќи тој има визија како Координатор на клубот да се обиде да го стабилизира и да го изведе на правиот пат, а доколку не се најде соодветен тренер што ќе ги прифати понудените услови Крстев ќе седне и на „жешката клупа“.

Дознаваме дена на вториот ден од годината до сите играчи ќе биде испратен план за работа а дека подготовките за пролетниот дел од првенството ќе започнат на 10. Јануари..

Засега е познато дека Фикрет Ливарека го напушти осогово и како што беше објавено веќе потпишал за „Шкендија“ од Арачиново, а по неговите стапли тргнал и Даути Даут.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ