ЗА НОВИ ПОЈАСИ ПОЛОЖИЈА 42 КАРАТИСТИ ОД КАРАТЕ КЛУБ „ПАРТИЗАН“ – КОЧАНИ

Во Спорт
декември 28, 2021
0 минути

На неколку денови пред завршувањето на оваа календарска година, поточно на претпоследниот тренинг во годината, Карате Клуб „Партизан“ од Кочани одржа  испит „Полагање за појаси“.

42 каратисти полагаа и воедно го положија испитот и се стекнаа со нови појаси со поинаква боја од претходните.

Од пријавените каратисти 14 полагаа за жолт појас, 6 за портокалов, 11 за зелен, 5 за син и 6 за кафеав.

На каратистите од КК „Партизан“ им претстои уште само еден тренинг (Среда) во оваа година, по што заслужено заминуваат на зимската пауза која ќе трае се до 26.01.2022 година.

С. Ивановски