КРСТЕ КРСТЕВ И „СЛОГА 1934“ ЈА ПРЕКИНАА СОРАБОТКАТА

Во Спорт
септември 9, 2024
0 минути

На само една седмица пред почетокот на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток во кое екипата на „Слога 1934“ се потенцира за најголем фаворит за освојување на првото место, како бомба одекна веста дека Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев и „Слога 1934“ ја прекинуваат соработката.

Поради разните шпекулации одговор побаравме од Крсте Крстев.

„Пред скоро две години кога никој не сакаше да се нафати за тренер на ФК Слога јас одлучив по вторпат кога е најтешко на клубот да ја преземам функцијата шеф на стручниот штаб. Но како и првиот така и вториот пат заминувам откако го поминавме најтешкото, ги поставивме темелите на повторно силна Слога. Како и да е овде ни се разделуваат патиштата, му посакувам на клубот се најдобро“ рече досегашниот Шеф на стручниот штаб на „Слога 1934“ Крсте Крстев.

Оваа прекинување на соработката помалку е изненадување ако се знае дека пролетниот дел на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток виничани го завршија со стопостотен учинок, а и во подготвителниот период за новото првенство имаа постигнато забележителни резултати.

Како сето ова ќе се одрази во настапите на „Слога 1934“  во новото првенство одговорот ќе го дознаеме многу бргу.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ