Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец јануари.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 39 дарители од кои 17 лица до 30 годишна возраст и четири првократни крводарители.
„Акцијата е прва што се спроведува во просториите на Црвен крст Кочани во 2023 година, а втора во новата календарска година. Согласни Годишниот план за реализирање на крводарителски акции, годинава се планирани 21 крводарителска акција, од кои 12 во просториите на Црвен крст Кочани, три во Одделението за внатрешни работи – Кочани, две младински крводарителски акции и по две акции за дарување на крв во Зрновци и компанијата „Руен Инокс Автомобиле“. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата„ истакнаа од Црвен крст Кочани.
Акцијата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.