ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

април 8, 2024
1 минути

По повод Светскиот ден на здравјето, денес во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани на свечен начин беа доделени благодарници и признанија на вработени кои заминале во тековната година во пензија, на општествено одговорните комапнии кои дале придонес во болница, како и на крводарители.

„Доделувањето беше по повод 7-ми април Светски ден на здравјето со што сакаме да изразиме голема благодарност на нашите вработени и оние кои се во пензија за нивната поддршка, разбирање и несебична работа“ рече Душанка Горгиева Трпевски, Директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ