ЛДП КОЧАНИ СО ЕКО АКЦИЈА ГО ИСЧИСТИ „СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА“

октомври 22, 2023
1 минути

Во духот на заедницата и посветеноста кон животната средина, Либерално-демократската партија Кочани во нашиот град денеска организираше еко акција за чистење на околината околу „Споменикот на слободата„, симболот на град Кочани.

Настанот ги обедини членовите на партијата и волонтерите во заеднички напори да го направиме нашиот град почисто и позелено место.

 

Под водство на претседателот на Либерално-демократската партија Кочани, Тоше Михајлов, заедно со членови на Либерално демократската младина беше реализирана една од многуте планирани акции и настани како “follow up” на тематската конференција на ЛДП.

Оваа еко акција е доказ за грижата на партијата кон животната средина и одржливо општество. Воедно испраќаме јасна порака дека Либерално-демократската партија не се занимава само со политика, туку работи на активен придонес за подобрување на нашиот град. Дополнително со оваа акција сакаме да ја кренеме свеста на Кочанчани, да си го сакаат и почитуваат градот со сите свои убавини.

Оваа еко акција е светол пример за тоа како обединетата заедница може да работи заедно за да ги заштити и разубави нашите заеднички простори. Тоа служи како потсетник дека кога ќе се собереме, можеме да постигнеме големи работи, а сето тоа започнува со чиста и зелена средина.

ЛДП – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ