ЛЕНЧЕ СТОИМЕНОВА ВО КАЧЕРЕВО (СРБИЈА) ГО ДОБИ ПРИЗНАНИЕТО „АФОРИСТИЧАР СО НЈКВАЛИТЕТНИ АФОРИЗМИ“

ноември 23, 2023
1 min read

Изминатиот Петок (17.11.2023 година) во Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево (Република Србија) се одржа 11-тиот Меѓународен фестивал за хумор и сатира „Жаока“, на кој како претставник од Македонија учествуваше нашата роднокрајна авторка и познат афористичар Ленче Стоименова.

Покрај Ленче Стоименова како претставник на Македонија на фестивалот присуствуваа и претставници од БИХ, Србија.

Темата на годинешниот фестивал беше „Човекот се учи додека е жив“.  Се читаа по два сета афоризми од по 25, вкупно 50 за секој автор.

Според мислењето на афористичарите и публиката, Ленче Стоименова беше прогласена како афористичар со најквалитетни афоризми.

Селектор на Фестивалот беше Александар Чотриќ од Панчево, а домаќин ДК „Братство-единство“ од Качарево, претставувано од директорката Вероника Керекеш-Стевановски.

Фестивалот „Жаока“ претставува драгоцена врска за сите земји од регионот и е еден вид на мост за културна соработка од областа на хуморот и сатирата.

Ленче Стоименова е афористичар повеќе од триесет години. Пишува и проза, кратки скечови, драми за деца и возрасни, црта карикатури. Рецензент, промотор, илустратор на корици за книги. Има напишано петнаесет книги и триесетина книги во кои е како коавтор, сите од областа на хуморот и сатирата. Ги има добиено највисоките награди за афоризам, како што се: Први награди за афоризам,  Специјална награда за афоризам, Бронзена плакета за афоризам, Афористичар на годината 2019, Најдобра книга-афоризми 2019, Најпрестижна награда-категорија афоризам, Најдобар афористичар 2022, Златна плакета за севкупно творештво-афоризми 2023, Златна плакета за афоризми 2023.

Ленче Стоименова минатат година учествуваше и на најголемиот Меѓународен фестивал на хумор и сатира „САТИРА ФЕСТ“ кој повеќе од 20 години се одржува во Белград кој го организира БАК (Београдски Афористички Круг) во кој и самата членува со уште четворица врвни афористичари од Македонија. Преку нејзините настапи, македонската сатира излегува надвор од границите на нашата земја.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ