ВО ЧЕТВРТОК (11 МАЈ) – ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПЛАНИНАРСКО-СКИЈАЧКО ДРУШТВО ПОНИКВА“-

мај 7, 2023
1 минути

Во организација на Клубот за планинарски спортови „Москито“, на 11 мај, во 18:30 ч., во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе биде промовирана книгата „Планинарско-скијачко друштво Пониква“, од авторите Киро Герасимов и Љубинка Ајтовска.

Делото е составено од четири целини кои говорат за природно-географските карактеристики на Осоговските Планини; патеките и трасверзалите низ Осоговијата; туристичките потенцијали, а содржи и сеќавања на планинари, членови на ПСД „Пониква“ – Кочани.

Издавач на изданието „Планинарско-скијачко друштво Пониква“ е печатницата „Европа 92“, промотор ќе биде Сашко Стефановски, а модератор на настанот – Магдалена Кочовска-Салтирова.

Книгата што ја започна новинарот и публицист Киро Герасимов, а ја дооформи Љубинка Ајтовска, се промовира во пресрет на годишнината од неговата смрт.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ