ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ДОНАЦИЈА НА ПЕТ МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО КОЧАНИ

август 18, 2023
1 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска потпиша договор со невладината организација „Заедно за промена“ од Скопје, за примање донација од пет мерни станици за следење на квалитетот на воздухот.

„Заедно за промена“ донира пет сензори за индикативни мерења на пием 10 и пием 2,5 честички во амбиентниот воздух на територијата на општина Кочани, кои веќе се поставени на пет јавни објекти во Кочани: ОМУ „Ристо Јуруков“, СОУ „Гошо Викентиев“, СОУ „Љупчо Сантов“, на објектот „Сончогледи“ од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и на административната зграда на КЈП „Водовод“. Освен донацијата на сензорите, ќе се врши истражување, мапирање на главните загадувачи, изработка на план, собирање информации и споделување на сознанијата со релевантните институции и со јавноста.

Наскоро на веб-страницата на Општина Кочани kocani.gov.mk, ќе биде поставен линк кон мерењата од петте локации во Кочани, со што моменталните податоци за квалитетот на воздухот ќе бидат постојано достапни.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ