На 04.12.2025 во 08:20 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Џ.А.(41) од Кочани. Претходно, тој со возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го
управувал, удрил во врата од двор на ул.„Шукри Шаин“ во Кочани, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Соопштение на СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
