ПРИЈАВИЛ ДЕКА ПРОНАШОЛ КОСКИ КАЈ НЕГОВИОТ СЕМЕЕН ДОМ ВО СЕЛО ГЛАВОВИЦА

јули 23, 2023
0 минути

На 22.07.2023 во 09.20 часот Т.С.(43) од Кочани пријавил дека околу 08.30 часот во село Главовица, во близина на неговата семејна куќа, пронашол коски.

Од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител пронајдените коски се подигнати и предадени во Институтот за судска медицина Скопје за понатамошно постапување.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ