Почитувани,
Во понеделник, 13 март, во 11 и 30 часот во ЈОУБ „Искра“ ќе се реализира работилница со ученици и нивните ментори од основните училишта од Кочани, Зрновци и Оризари и со средните училишта од Кочани.
Работилницата е дел од одбележувањето на 21 март, Светскиот ден на поезијата кој библиотеката неколку години по ред го одбележува под мотото „ Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“.
За 2023 година Светскиот ден на поезијата го одбележуваме и го посветуваме во чест на Кочо Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од смртта.
Учениците од литературните секции ќе читаат песни од поетската збирка „Бели мугри“, а учениците од ликовните секции ќе творат инспирирани од истите.
Изложбата на ликовните дела ќе се реализира на 21 март, Светскиот ден на поезијата, во 12:00 часот, кога со свои изложби и стручни излагања за ликот и делото на Кочо Рацин ќе гостуваат Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Локална Установа „Народен музеј“ од Велес.
Со почит,
В.Д. директор
Кристина Ѓорѓиевска Атанасова
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ