ЛМС И ЦРВЕН КРСТ КОЧАНИ – ЗАЕДНИЧКА ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ПРВА ПОМОШ

мај 13, 2022
0 минути

ЛМС – Кочани и Црвен крст реализираа показна вежба за укажување на прва помош за младата популација

Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска во Градскиот парк во Кочани реализираа показна вежба за укажување на прва помош.

На вежбата присуствуваа ученици од основните и средни училишта од Општината каде обучени волонтери укажуваа и прикажуваа техники на прва помош на симулирани случаи на повреди.

„Целта на активноста е да ја доближиме првата помош до младата популација. На вежбата беа прикажани основни техники за укажување на прва помош во животозагрозувачки ситуации. Како Локален младински совет ја користам приликата да се заблагодарам на волонтерите од Црвен крст – Кочани за сорабоката во реализација на показната вежба“, истакна Иван Јанев, член на ЛМС – Кочани.

Првата помош е животоспасувачка техника која се укажува во случај на животозагрозувачка ситуација поради што од ЛМС – Кочани истакнаа дека симулациската вежба е од корист за младата популација.

ЛМС (Локален Младински Совет)