УЧЕНИЦИ ОД ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ВО ПОСЕТА НА ТППЕ – КОЧАНИ И ДПД – КОЧАНИ

април 5, 2023
0 минути

Убав едукативен ден за учениците од ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани при посетата на Територијалната Противпожарна Единица – Кочани и  Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани.

При посетата учениците имаа предавање и запознавање со противпожарната опрема, противпожарните апарати, како и со противпожарните возила, нивната цел и намена.

Беа запознаени за примањето на дојава за избувнат пожар на телефонските броеви 193 и 112.

На крајот им беше објаснето како треба да се постапува при настанат пожар за да се спречи неговото ширење и гаснење.

Учениците со големо внимание го следеа сето она што им беше презентирано и при заминување останаа побогати со нови знаења кои сигурно ќе бидат длабоко врежани во нивната меморија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ