ЛОЦИРАН ЕДЕН ОД ВИНОВНИЦИТЕ ЗА РАСТУРАЊЕ СМЕТОТ НА „ПОНИКВА„

јануари 11, 2023
0 min read

Еден од коментарите на текстот за растурениот смет на „Пониква“ објавен во неделата беше дека коњите кои со години се шетаат слободно по планината се еден од виновниците.

Тврдењата се покажаа како вистина за што сведочи орографијата која ни ја испрати наш читател а на која јасно се гледа дека контејнерите и сметот околу нив е исчистен но дека она малку што во меѓувреме е фрлено во контејнерите коњите го извлекуваа и истото потоа се разнесува.

Ќе го реши ли некој овој проблем или се како и досега ќе ставаме под тепих.

С. Ивановски