ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 23 ЈАНУАРИ

јануари 11, 2023
1 минути

На 118-тата редовна седница на Владата на Република Северна Македонија усвоен е предлогот на Министерството за образование и наука за поместување на почетокот на учебната 2022/2023 година. Во соопштението што е објавено меѓу другото се вели:

„Владата на Република Северна Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“.