ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА

октомври 31, 2021
0 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Љупчо Папазов прогласи победа во Кочани во вториот круг од „Локалните избори 2021“.

Според изјавата на Папазов од пребројаните гласачки ливчиња неговата победа била изразена со 18 до 20 гласа разлика.

По објавување на победата членството на партијата заедно со симпатизерите се собраа во Градскиот Трговски Центар каде заедно со Папазов ја слават победата.

С. Ивановски