М-18 КОШАРКАРСКА ЛИГА, ПРВА ПОБЕДА ВО ДОИГРУВАЊЕТО ЗА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“

Во Спорт
април 5, 2022
1 минути

Прва победа за кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ во доигрувањето во М-18 кошаркарската лига. Во второто коло кочанските кошаркари ја совладаа екипата на „Гостивар“ со резултат 90:84 (27:20; 20:19; 20:26; 23:19).

И двете екипи одиграа интересен и крајно возбудлив натпревар што го покажува и резултатот по четвртини. Играчите се бореа за секоја топка а беа доста ефикасни во завршницата на акциите. Дека гостите од Гостивар се еден солиден состав најдобро се виде во третата четвртина која ја добија со шест поени разлика и натпреварот го внесоа во една крајно неизвесна завршница. Сепак бодрени од домашните гледачи „диновци“ успеаја да ја извојуваат првата победа во доигрувањето.

Кошевите за „Баскет Дино Деликатес“ ги постигнаа: Коцев и Лазарев по 22, Богданов 12, Карајанков 11, Ивановски и Ѕмбов по 8, Томевски 6 и Романов 1.

С. Ивановски