М-18 МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Во Спорт
април 16, 2022
1 минути

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  –  „СТРУМИЦА“  87:79  (19:21; 21:20; 21:16; 26:22)

Вечерва кошаркарите на „Баскет Дино деликатес“ забележаа нова победа. Овој пат во рамките на М-18 Македонска кошаркарска лига „Баскет Дино Деликатес“ ја совлада екипата на „Струмица“ 87:79.

Победата е извојувана во второто полувреме бидејќи струмичани се покажаа како солидна екипа.

Во првите две четвртини се водеше изедначена битка, екипите се менуваа во водството за да сепак на крајот струмичани заминат со половина поен позитива.

Во второто полувреме домаќините заиграа поцврсто и поефикасно што резултираше со водство кое постојано растеше, но гостите сепак не дозволуваа домаќините да се одлепат.

Крајниот резултат јасно покажува какви две екипи вечерва одиграа натпревар во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани.

Кошевите за домаќините ги постигнаа: Коцев 31, Ѕмбов 19, Ивановски 12, Томевски 10, Костов 6, Карајанков 5, Ефремов 2, Романов 2.

С. Ивановски