„ДЕТОНИТ ЈУНИОР“ СЛАВЕШЕ ВО ПЕХЧЕВО И ЈА ЗАКОМЛИЦИРА ТАБЕЛАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА

Во Спорт
април 16, 2022
1 минути

Се одиграа натпреварите од 22 коло во Втора Фудбалска Лига – Исток, во кое фаворитите во главно ја оправдаа својата улога. Сите три првопласирани екипи славеа како домаќини и продолжува „мртвата трка“ за првите две места на табелата. Мало изненадување е нерешениот резултат во Гевгелија како и заслужената победа на „Детонит јуниор“ во Пехчево. Токму победата на радовишани ја закомплицира табелата за влез во единствената втора лига.

„Осогово“ гостуваше во Прилеп. Во натпревар во кој бодовите беа значајни за двете екипи подобро се снајдоа домаќините и бодовите останаа во „градот под Марковите кули“.

Во Виница лидерот на табелата „Слога 1934“ си поигра со последната екипа на табелата. По првото полувреме домаќините постигнаа само еден гол, но во второто си поиграа со гостите и седум пати им ја затресоа мрежата. Во Струмица „Беласица“ уште во првото полувреме го реши натпреварот а нивната мрежа и по десет кола мируваше.

„Детонит јуниор“ го изненади „Пехчево“ и сега со доста пореални шанси влегува во борба за тоа фамозното седмо место на табелата. Во Гевгелија мрежите мируваа.

Резултати од 22 коло:

„Победа“ – „Осогово“  2:1

„Слога 1934“ – „Локомотива“  8:0

„Беласица“ – „Каменица Саса“  2:0

„Кожув“ – „Братство“  0:0

„Пехчево“ – „Детонит јуниор“  0:1

По 22-рото коло лидер на табелата е „Слога 1934“ 51 бод, пред „Беласица 50, „Победа“ 50, „Каменица Саса“ 44, „Кожуф“ 28, „Пехчево“ 27, „Осогово“ 27, „Детонит јуниор“ 24, „Братство“ 14, „Локомотива“ 6.

Следната сабота се играат натпреварите од 23 коло а „Осогово“ ја пречекува „Слога 1934“.

С. Ивановски