МАРТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 50 КРВНИ ЕДИНИЦИ

март 28, 2024
1 min read

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна мартовска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 50 крводарители од нив 2 првократни. Акцијата е четврта што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.ќ

Црвен Крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ