МЕГИ ГЕОРГИЕВА ЕДИНСТВЕНО ДЕВОЈЧЕ УЧЕСНИК НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА МЛАДИ ХАРМОНИКАШИ

декември 18, 2024
0 минути

Во текот на месец декември во Скопје  на Фестивалот за млади хармоникаши учествуваше и едно девојче, единствено од понежниот пол помеѓу колегите хармоникаши.

Станува збор за Меги Георгиева од Кочани која воедно е и пијанист, но на Фестивалот за млади хармоникаши под менторство на професор Зорица Каракутовска Меги и останатите нејзини колеги се закитија со голем број на признанија.

Инаку Меги Георгиева е ученик во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и досега освен со настапите на пијано мошне се забележителни нејзините настапи со хармониката з како во Македонија, така и надвор од неа.

Иако талентот на Меги го имаат забележано повеќето музички професори и со пофални зборови се имаат изразено за нејзините музички настапи, ова скромно девојче продолжува и  понатака да работи и да се усовршува бидејќи е свесна дека талентот е помалиот процент а дека сето останато е  работата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ