НОВОТО МУЗИЧКО ДЕЛО НА ТОДОР ФИЛИПОВ – ТОШЕ ВЕЌЕ ГИ РАЗГАЛИ СРЦАТА НА КОЧАНЧАНИ

март 30, 2023
1 минути

Една од Кочански музички легенди Тодор Филипов – Тоше, по лансирањето на композициите „Кочани граду мој“ која е и официјална химна на Кочани, „Ќе помине се“ композиција која ја лансираше за време на Ковид пандемијата и која како да не храбреше додека ја слушавме, деновиве ја исфрли во етерот најновата негова композиција, „Последниот боем“.

Денес кочанчани ги запалија социјалните мрежи поставувајќи ја „Последниот боем“ која веќе ги разгали срцата на љубителите на музиката и која несомнено ќе стане хит, бидејќи Тоше освен хитови не знае нешто друго да лансира на музичката сцена.

„Последниот боем“ е авторско дело на Тоше, аудио продукцијата на композицијата е на Маријан Стоименов – Ѕинка, додека Фото „Луна го изработи спотот.

Веруваме дека „Последниот боем“ ќе трае со години бидејќи нели Тоше така не научи кога се во прашање неговите композиции.

Маестро, ти благодариме за се што правиш за нашиот град кога е музиката во прашање.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ