Во саботата нашата сограѓанка Меги Георгиева имаше одличен настап на 14-тиот Меѓународен фестивал за млади хармоникаши кој под мотото „Љубители на класична музика“ се одржа во Скопје. Инаку Меги Георгиева е единственото девојче во источна Македонија која свири и учи хармонија.

Таа моментно е ученик по хармоника во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип под менторство на Магистер Професор Тони Лазаров кој годинава го понесе признанието „Најдобар професор по хармоника“.

Меги Георгиева освен хармоника свири и пијано а ова лето заедно со нејзиниот татко кант авторот Саше Георгиев кој е сопственик на Музичкото студио „Македон“ и нејзиниот брат имаа мошне забележителни музички настапи во Анталија (Турција).

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
