МЕЃУНАРОДЕН ЏУДО НАТПРЕВАР, ГЛАДИЈАТОР СО ДЕВЕТ МЕДАЛИ

мај 22, 2022
0 min read

Во организација на Џудо Федерацијата на Република Северна Македонија во Скопје се одржа Меѓународен џудо натпревар.

Во конкуренција на 180 натпреварувачи џудистите на „Гладијатор“ од Кочани освоија 9 медали,од кои четири сребрени и 5 бронззени.

Милан Станоев, Лазар Нацев, Дамјан Крстов, Марко Максимов се закитија со сребрените медали, додека бронзите се најдоа на градите на: Јована Јованова, Анастасија Стошиќ, Наталија Лазарова, Горан Терзиски, Ненад Максимов.

Од останатите учесници Матео Станоев го освои четвртото место, а Борјан Јанев беше петти.

С. Ивановски